Vrabotuvanje.com - Кои се највредните луксузни брендови во 2022 година?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кои се највредните луксузни брендови во 2022 година?

Индустријата за луксузни производи, која освен облека и обувки, вклучува козметика, мириси, часовници, накит и чанти, расте од година во година.

Кои се највредните луксузни брендови во 2022 година?

Објавена е листата на највредните луксузни брендови во 2022. Според статистиката, водечки луксузен бренд е Louis Vuitton, вреден 124 милијарди долари. Следат Hermes, Chanel, Gucci и Dior, а на листата се и Rolex, Saint Laurent, Tiffany & Co. и Prada.

Индустријата за луксузни производи, која освен облека и обувки, вклучува козметика, мириси, часовници, накит и чанти, расте од година во година. Производителите на луксузни производи се фокусираат на брендирањето, естетиката, квалитетните материјали, супериорната изработка и цените за да ги претворат секојдневните предмети во статусни симболи, пишува Statista.com. Побарувачката расте во време на економска стабилност и опаѓа во неповолни економски клими.

LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) во годината што наскоро ќе ја оставиме зад себе беше највредниот луксузен бренд во светот, со вредност на брендот од приближно 124,3 милијарди американски долари. Вкупниот приход на групацијата LVMH за 2021 година изнесуваше околу 64,2 милијарди евра, па јасно е како дошло до зголемувањето. Конгломератот, најпознат по својата луксузна модна куќа, работи на глобално ниво, а компанијата е предводена од Французинот Бернар Арно од 1989 година. Групацијата е создадена со спојување на луксузниот бренд со производителот на шампањ Moët & Chandon и производителот на коњак Hennessy.
 
Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more