Vrabotuvanje.com - Фотографија направена во Абу Даби покажува што беше Југославија во светот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Фотографија направена во Абу Даби покажува што беше Југославија во светот

Секој барем еднаш, некаде на некој предмет или производ, има забележано многу чест натпис од пред неколку децении, „Made in Yugoslavia“.

Фотографија направена во Абу Даби покажува што беше Југославија во светот

Прочитајте Како Ајнштајн ги вложил своите пари?

Иако овој натпис, се уште може да се сретне во просториите на поранешните републики на некогашната заедничка држава, малку кој би очекувал дека остатоци од тие времиња се уште постојат и тоа во далечните Обединети Арапски Емирати.

Една фотографија, која во последните неколку дена кружи на социјалните мрежи, го прикажува токму тоа.

На неа е прикажан капак од шахта, забележан на улиците во Абу Даби, на кој како произведувач е нагласено името на Југославија.

Image

Корисниците на социјалните мрежи, кои го коментираа натписот, оваа фотографија ги потсети на квалитетот на производите од југословенската индустрија.

Добар доказ за тоа е фактот дека капакот на шахтата, речиси 30 години по распаѓањето на државата во која е произведен, ја врши својата функција во град со огромни сообраќајни метежи, оддалечен речиси 5.000 километри од овие простори.

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more