Vrabotuvanje.com - Отворени дури 30 работни места во Фондот за здравство
Share
Tweet
Share
Send to friend

Отворени дури 30 работни места во Фондот за здравство

Фондот за здравствено осигурување вработува 33 лица и тоа одеднаш!

Отворени дури 30 работни места во Фондот за здравство

Вчера на страницата на агенцијата за администрација се појавија два отворени огласи за прием на административци и во двата се отворени по 15 работни места, а вкупно ќе се вработат 33 службеници.

Платите се движат до 25.000 денари, а има и пониски до 18.000 денари.

Вработувањата се и за Скопје и но има оглас и за Свети Николе како и за Гостивар, Куманово, Демир Хисар...

Се бараат: соработник за спроведување на меѓународни договори за социјално осигурување, стручен соработник III ниво за трезорско работење, соработник за контрола во здравствените установи, стручен соработник за преведување и толкување, стручен соработник за управување со човечки ресурси, соработник за следење на склучени договори за јавни набавки, како и соработник за договори со здравствени установи.

На овие линкови се огласите: 

Првиот оглас е за вработување на 16 државни службеници - ОГЛАСИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ НА ЛИНКОТ

Во вториот оглас, кој е за 17 извршители, платите се нешто пониски, од 23 до 25 илјади денари - ЛИНК ДО ОГЛАСИТЕ

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more