Vrabotuvanje.com - Што покажа анкетата: Што превземаат Македонците кога не се задоволни на работното место?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што покажа анкетата: Што превземаат Македонците кога не се задоволни на работното место?

„Не сакам конфликтни ситуации со претпоставените и затоа наоѓам нова работа, па давам отказ“

Што покажа анкетата: Што превземаат Македонците кога не се задоволни на работното место?

Сте размислувале ли што би направиле доколку сте во ситуација каде што не сте задоволни од вашето работно место? Што би превземале, дали би си дале отказ без размислување, или можеби би зборувале со претпоставените па би пробале да најдете решение?

Направивме анкета на оваа тема, во која ги прашавме посетителите на нашиот сајт - Што превземаш кога не си задоволен на работното место?

За 2% од испитаниците решението е дека одбивааат нови задачи и создаваат услови да им дадат отказ. „За инает на фирмата“ - се вели во еден од коментарите. 

8% од испитаниците одговориле дека ако се незадоволни од работното место тогаш ќе работат минимално и недоволно - а на ова следи коментар од типот: „колку плата, толку музика“.

10% од испитаниците одговориле дека се обидуваат сами да најдат решение, а во еден од коментарите се изјасниле дека „секаде има проблеми, мораш на себе и на другите да им помогнеш“.

Дури 16% од испитаниците се изјасниле дека даваат отказ, па бараат нова работа. 

Во голем број се (или 27%) и оние кои би сакале да ја решат ситуцијата и да најдат излез од незадоволството на работното место, па се решиле дека вистинскиот избор е да зборуваат со претпоставените

Сепак најголем дел од испитаниците, односно 37% одговориле дека наоѓаат нова работа, па даваат отказ, а следи и коментар од типот „не сакам конфликтни ситуации со претпоставените“. 

Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Што ќе направите ако ви побараат да вратите К-15? - Ги очекуваме вашите одговори на ЛИНКОТ


 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more