Vrabotuvanje.com - 2023: Турција најави зголемување на минималната плата!
Share
Tweet
Share
Send to friend

2023: Турција најави зголемување на минималната плата!

Турција најави зголемување на минималната плата за 55 отсто, во услови на криза на трошоците за живот што доведе милиони луѓе во финансиски тешкотии, ги загрози малите бизниси и остави многумина неспособни да си дозволат основни добра.

2023: Турција најави зголемување на минималната плата!

Овој потег има за цел да го ублажи влијанието на зголемените животни трошоци, но економистите стравуваат дека тоа дополнително ќе ја поттикне инфлацијата, која моментално е на највисоко ниво во последните 24 години и изнесува 84,4 проценти.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека месечната минимална плата ќе биде зголемена на 8.500 лири (455 долари), почнувајќи од 2023 година.

Според турските власти, повеќе од 30 отсто од работната сила во Турција добива минимална плата.

Аналитичарите во таа земја велат дека на овој потег може да се гледа и од политичка перспектива, потсетувајќи дека општите избори во Турција треба да се одржат во јуни 2023 година, додаваат американските медиуми.

Стапката на инфлација во Турција забави во ноември за првпат по повеќе од 18 месеци, паѓајќи на 84,4 отсто на годишна основа од 85,5 отсто во октомври.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more