Vrabotuvanje.com - Методот на американските војници ви гарантира заспивање за 2 минути
Share
Tweet
Share
Send to friend

Методот на американските војници ви гарантира заспивање за 2 минути

Дали некогаш сте се заинтересирале за методот кој американските војници го користат за да заспијат во рок од две минути?

Методот на американските војници ви гарантира заспивање за 2 минути

Методот има дури 96% ефикасност и истиот е смислен кога војската сфатила дека многу нивни пилоти прават грешки поради стрес и ненаспаност. Преголемиот стрес од оваа професија на пилотите не им овозможувал да заспијат дури и по завршувањето на нивната смена.

Токму овој метод за нив прави чуда.

Па, кои се чекорите?

Прво, опуштете ги мускулите на лицето, вклучително и јазикот, вилиците и мускулите околу очите;

Второ, спуштете ги рамената ниско колку што ви одат надолу пред да ги опуштите горниот и долниот дел од едната, а потоа и од другата рака;

Трето, издишете, опуштете ги градите и потоа лесно опуштете ги нозете, почнувајќи од бедрата;

Четврто, после десетина секунди длабока релаксација следен чекор е целосно прочистување на умот;

Авторот на Relax and Win: Championship Performance – книгата во која е откриен овој метод, сугерите дека една од овие три слики ќе ви помогнат во тоа:

  • Лежите во кану на мирно езеро, ништо освен сино небо над вас;
  • Сместени сте во црна мрежа во замрачена соба
  • Си повторувате “немој да мислиш, немој да мислиш“ десетина секунди.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more