Vrabotuvanje.com - Повеќе од 2 милиони работници во Турција веднаш почнаа да се пензионираат - еве зошто!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Повеќе од 2 милиони работници во Турција веднаш почнаа да се пензионираат - еве зошто!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање во средата, на помалку од шест месеци пред изборите, дозволувајќи им на повеќе од 2 милиони работници веднаш да се пензионираат.

Повеќе од 2 милиони работници во Турција веднаш почнаа да се пензионираат - еве зошто!

Турција значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.

Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи. Засега не се знае колку ќе чини новиот систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија. Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

Прочитајте: Во Турција од 1 јануари ќе се наплаќа туристичка такса

Работничките групи веќе неколку години протестираат против условот за минимална возраст, барајќи наместо тоа, работниците да треба да работат задолжителен број денови.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more