Vrabotuvanje.com - Топ 10 апликации кои најмногу ја трошат батеријата на телефонот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Топ 10 апликации кои најмногу ја трошат батеријата на телефонот

Бројните популарни апликации се прилично оптоварување за паметниот телефон.

Топ 10 апликации кои најмногу ја трошат батеријата на телефонот

Би можело да ве интересира: 5 совети како да останете безбедни на интернет за време на празниците!

Погледнете кои од нив се најдоа на врвот на листата во истражувањето кое зеде предвид три различни параметри.

Меѓу 100-те најпопуларни апликации, кои најмногу ја трошат батеријата на вашиот паметен телефон, зафаќаат најмногу меморија и ја забавуваат неговата работа?

При изборот беа земени предвид три параметри: колку функционалност користи секоја апликација (да речеме, камера или локација), користење на батеријата и достапност на темниот режим (dark mode).

Кога овие три фактори ќе се разгледаат заедно, ова се првите десет апликации:

1) Fitbit

2) Uber

3) Skype

4) Facebook

5) Airbnb

6) Instagram

7) Tinder

8) Snapchat

9) Whatsapp

10) Zoom

YouTube, Booking.com, Amazon, Telegram и Linkedin исто така се доста високо рангирани.

На прв поглед е очигледно дека на листата доминираат апликациите за социјално вмрежување, од кои три се контролирани од Facebook.

Facebook, Instagram, Snapchat, Youtube, WhatsApp и Linkedin користат во просек 11 дополнителни функции во позадина, што значително ја оптоварува батеријата на вашиот уред.

Најголеми потрошувачи на меморија

Меѓу апликациите кои зафаќаат најмногу меморија се Uber (и Uber Eats), Fitbit, Facebook, PayPal, Microsoft Teams, YouTube (и YouTube Music), Airbnb, TikTok, Linkedin, Snapchat, Duolingo, Slack, Tinder, Instagram, Spotify...

Ако се борите со недостатокот на простор за складирање на вашиот телефон, би било вредно да замените одредени апликации со нивните „лајт“ варијанти (да речеме, Facebook) или сосема различни платформи.

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more