Vrabotuvanje.com - Зошто некои луѓе секогаш доцнат?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Зошто некои луѓе секогаш доцнат?

Сите знаеме некој што постојани доцни, без разлика дали станува збор за колега или пријател.

Зошто некои луѓе секогаш доцнат?

Би можело да ве интересира: Само 2% од луѓето можат да го најдат сокриениот мајмун на оваа илустрација за помалку од 11 секунди

Дали има подлабока причина за ваквото однесување и како може да се промени оваа навика? Психологијата на одложувањето е еден вид нефункционалност на умот. Перцепцијата на луѓето кои доцнат е негативна, дури и кога тоа не е намерно, пишува BBC.

„Лесно е да ги сфатите овие луѓе како неорганизирани, хаотични, груби, со недостиг на обѕир кон другите“, вели Хариет Мелот, когнитивно-бихејвиорален терапевт и клинички психолог.

Но, многу луѓе кои покажуваат вакво однесување се свесни за проблемот, како и за штетата што нивното доцнење може да ја направи врз нивните односи, репутација, кариера и финансии.

Некои луѓе ќе се провлечат со изговорот дека мерењето на времето не им е приоритет, други дека подобро работат под притисок или дека имаат биоритам на ноќна птица.

Според експертите, луѓето кои не се грижат за времето се карактеризираат и со други особини како оптимизам, ниско ниво на самоконтрола, анксиозност и желба за возбуда.

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more