Vrabotuvanje.com - Пет типови на луѓе што ги среќаваме во текот на празниците
Share
Tweet
Share
Send to friend

Пет типови на луѓе што ги среќаваме во текот на празниците

Празниците будат различни чувства кај луѓето, но не мора сите да бидат пријатни. Секој на свој начин ги доживува празниците, па понекогаш го гледаме најдоброто од луѓето, а понекогаш за жал и најлошото.

Пет типови на луѓе што ги среќаваме во текот на празниците

И додека некои едвај ги чекаат овие моменти, други со нетрпение чекаат да завршат и да се вратат работите во нормала.

Кои типови на личности може да ги сретнете во текот на празничниот период?

1. Гринч

Можеби овој тип на карактер е најпознат од сите. Гринч е тој што се мршти секогаш кога ќе ја слушне божиќна песна, тој е оној кој никогаш не сака да учествува во некоја активност и едвај чека да завршат празниците.

2. Помошник на Дедо Мраз

Помошници на Дедо Мраз се оние кои уживаат во овој период од годината. Може да ги препознаете по празничните украси и декорации во духот на Новата година и Божик. Тие се оние кои носат чудни новогодипни џемпери или пижами само затоа што се расположени во новогодишен и божиќен дух. Омилена им е песната „Jingle Bells“.

3. Гурмани

Гурмани се оние кои го испланирале празничното мени најмалку два месеци однапред. За овие луѓе прославата не може да мине без вкусно јадење. Не им е толку грижа за дружбата со најблиските или размената на подароци, туку за храната што ќе се служи на масата.

4. Компулсивен купувач

Компулсивниот купувач не запира на ништо, дури и откако ќе ја испразни сметката и сите заштеди. За нив овој период од годината е синоним за шопинг. Всушност, каква и да видат добра понуда, не можат да ѝ одолеат, а потоа се обидуваат да ги најдат вистинските луѓе на кои ќе им ги дадат подароците.

5. Рециклирање подароци

Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да рециклирате неколку подароци. Но, вештината на овие луѓе ги поминува сите граници. Најлошото кај нив е што не се срамат да вратат нешто што вие претходно сте им го купиле или подариле. Најсмешниот момент е кога ќе заборават на тоа.

Сепак, бидете внимателни, оваа особина е заразна - тоа ​​што ќе ви го дадатт, на крајот може вие да го дадете некому, па да заборавите.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more