Vrabotuvanje.com - ИМААТ УЛИЦА ШТО СЕ ВИКА ЈУГОСЛАВИЈА: Ретко кој би погодил за која земја се работи
Share
Tweet
Share
Send to friend

ИМААТ УЛИЦА ШТО СЕ ВИКА ЈУГОСЛАВИЈА: Ретко кој би погодил за која земја се работи

Улица во мароканскиот град Маракеш го носи името Југославија.

ИМААТ УЛИЦА ШТО СЕ ВИКА ЈУГОСЛАВИЈА: Ретко кој би погодил за која земја се работи

„Одамна, одамна, пред многу години, поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија била дом на многу од нас. Денес оваа држава повеќе не постои, но затоа споменот на неа сè уште го чува градот Маракеш во Мароко во кој Југославија има своја улица“, наведено е во пораката на Фејсбук страницата Титова Југославија. 

Југославија и Мароко немале многу заеднички точки, но таму има улица која е именувана по бившата држава. Во многу од поранешните југословенски републики има југоносталгичари кои со задоволство се сеќаваат како се живеело во тоа време. Има истражувања кои тврдат дека луѓето во Србија, Македонија и БиХ се најголеми југоносталгичари, но има и други истражувања кои укажуваат дека над 80 отсто од Хрватите жалат за Југославија. 

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more