Vrabotuvanje.com - Доста беше од сарми и подварок: Направете палачинки од кисела зелка
Share
Tweet
Share
Send to friend

Доста беше од сарми и подварок: Направете палачинки од кисела зелка

Доста беше од сарми и подварок: Направете палачинки од кисела зелка

Мора да признаеме дека кај нас киселата зелка се подготвува само на два-три познати начини и тука завршува експериментирањето. Ја користиме за сарма, подварок и како салата со буковец.

Сега најдовме еден интересен рецепт и ве предизвикуваме да пробате кисела зелка на сосема нов начин и од неа да направите палачинки.

Овој сосема необичен рецепт го најдовме на блогот Wholesome.

  Потребни состојки:

  • 250 гр кисела зелка (ситно исечкана)
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја брашно
  • 1 јајце
  • Прстофат лута мелена пиперка

  Приготвување:

Сите состојки се истураат во сад за матење и се мешаат додека не се соединат и додека грутките брашно целосно не исчезнат.

Кога ќе ја изматите смесата, ставете голема тава на шпорет, прелијте со малку масло и оставете добро да се загрее. Со лажица ставете ја смесата на тавата и формирајте мали палачинки. Пржете 1-2 минути од секоја страна додека не поруменат.
Од оваа смеса ќе добиете 12 палачинки. Послужете ги со свежо сирење и павлака.

извор: artkujna.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more