Vrabotuvanje.com - Ова е најдобриот домашен лек против настинка
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ова е најдобриот домашен лек против настинка

Веќе осетивме и на сопствена кожа дека ова е период кога вирусите за секунда се спремни и чекаат да "нападнат", а вие преку ноќ да се почувствувате немоќни. Многу е важно сега да работите на подобрување на имуниот систем, со цел подобро да се справи со овие вируси.

Ова е најдобриот домашен лек против настинка

Целта е да ги ублажиме симптомите и да го скратиме времето на боледување, а во тоа може да ни помогне употребата на лимон, ѓумбир, мед со млеч, лук, куркума и слично.

Еден од најважните совети е да создадете навика на користење ѓумбир во секојдневното готвење. Во текот на зимските месеци секојдневно пијте чај од ѓумбир.

Чајот од ѓумбир ги ублажува симптомите на настинка, а се подготвува лесно. Ставете половина лажичка рендан ѓумбир во врела  вода и пијте полека, во мали голтки.

Ако на овој чај додадете лимон и мед, ќе добиете моќен коктел во борбата против настинки и грип.

Ѓумбирот е лут и нè загрева. Токму тоа ни треба во текот на зимата. Извор е на магнезиум, витамин Б6 и калиум, како и на манган и бакар, кои ги отстрануваат слободните радикали. Содржи калциум, магнезиум, фосфор, селен, цинк, железо и витамин Ц.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more