Vrabotuvanje.com - Нов закон во Србија: Што ќе биде со оние што немаат лиценца за сметководители?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нов закон во Србија: Што ќе биде со оние што немаат лиценца за сметководители?

Деловни книги од оваа година ќе водат само агенции со најмалку еден лиценциран сметководител.

Нов закон во Србија: Што ќе биде со оние што немаат лиценца за сметководители?

Ова е предвидено со Законот за сметководство во Србија. Според податоците на Здружението на сметководители и ревизори, нивното уверение во моментов го поседуваат 34.283 колеги. Податоците од Агенцијата за економски регистри се малку поинакви. Во моментов, се регистрирани 2.687 даватели на сметководствени услуги.

Толку многу компании и претприемачи, кои се регистрирани во Регистарот на даватели на сметководствени услуги, имаат дозвола издадена од Комората на овластени ревизори за давање на овие услуги. Некои сметководители бараат одложување на примената на законот, но од Здружението одговараат дека бројот на стручни лица е доволен за потребите на српската економија.

Прочитајте: Какви професии би избрале новопечените родители? Консалтинг, грижа за деца, сметководство – едни од најбараните

“Има десет пати повеќе сметководители со професионално звање отколку што предвидува законот” - смета генералниот  секретар на Здружението на сметководители.

Законот предвидува дека е доволно еден вработен или сопственик на фирмата, односно претприемач да има лиценца. Сите оние кои ja немаат, имаат шанса да го полагаат испитот што го организира Здружението на сметководители и ревизори на Србија. Се проценува дека во Србија има меѓу 7.500 и 8.000 сметководствени фирми и претприемачи. Студентите кои полагаа последниве години тврдат дека не е лесно да се дојде до оваа „тапија“.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more