Vrabotuvanje.com - Филмот „Титаник“ по 25 години се враќа во киносалите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Филмот „Титаник“ по 25 години се враќа во киносалите

По првото прикажување во 1997 година, тој стана најуспешниот филм на сите времиња, а сега е трет филм со најголема заработка во светот.

Филмот „Титаник“ по 25 години се враќа во киносалите

Филмот „Титаник“, еден од најголемите филмски хитови во историјата на кинематографијата, се враќа на големото платно во освежена верзија на 9 февруари по повод 25-годишнината.

Најпознатиот филм на режисерот и сценарист Џејмс Камерон ќе ја прослави својата годишнина во кината во IMAX 3D и 3D 4K формат, објави дистрибутерот Blitz.

Како што се споменува во соопштението, „Титаник“ освои рекордни 11 Оскари, меѓу другите, за најдобар филм, режија, кинематографија и монтажа.

По првото прикажување во 1997 година, тој стана најуспешниот филм на сите времиња, а сега е трет филм со најголема заработка во светот.

Приказната за потонувањето на луксузниот прекуокеански брод промовиран како „непотоплив“ го обиколи светот во рекордно време, а многу филмски критичари се согласуваат дека „Титаник“ е сепак најдобриот филм што некогаш е снимен, се посочува во најавата.

Актерската екипа на оваа епска романса, која го одбележа растењето на многу генерации, ја предводат оскаровците Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, а им се придружуваат и: Били Зејн, Кети Бејтс, Френсис Фишер, Бернард Хил, Џонатан Хајд, Дени Нучи, Глорија Стјуарт, Дејвид Ворнер, Виктор Гарбер, Бил Пакстон.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more