Vrabotuvanje.com - Сакате да бидете сам свој мајстор по дома? Тоа во Германија не може
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сакате да бидете сам свој мајстор по дома? Тоа во Германија не може

Поставување полици, бојадисување ѕидови или менување на светилки; со малку умешност, можете сами да извршите ситни работи за реновирање на вашата куќа или стан. Меѓутоа, во Германија има строги прописи за одредени проекти - некои електрични работи мора да ги врши специјалист.

Сакате да бидете сам свој мајстор по дома?  Тоа во Германија не може

Со оглед на трошоците за носење мајстор, многу луѓе сакаат сами да користат алати и четки и на тој начин без многу мака да ги извршуваат овие работи во домаќинството.

Меѓутоа, кога станува збор за Германија, сите работи навистина не можат да ги вршат само приватни лица или лаици. Важат строги законски прописи, особено за електрични инсталации, кои дефинитивно треба да ги почитувате.

Можеби ќе ве интересира: Сакате да реновирате во домот? Бидете спремни за ценовен "шок"

Постојат причини зошто на приватните лица им е забрането да поставуваат електрични инсталации. Марен Корнилс од Здружението на германски претприемачи во областа на електричната и информатичката технологија (ЗВЕХ) објаснува за t-online.de дека постои зголемена можност за ризик и опасност дури и при навидум едноставни задачи, како што се инсталирање и вадење приклучници или светилки.

Електричните инсталации, како што е монтажа на штекер или поврзување на таванско осветлување е нешто за што треба да ангажирате специјализирана компанија.

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more