Vrabotuvanje.com - Кој европски град казнува со 500 евра за јадење на улица?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кој европски град казнува со 500 евра за јадење на улица?

Кој европски град казнува со 500 евра за јадење на улица?

Јадењето сендвичи во Фиренца, Италија може да ве чини 500 евра. Од 6 јануари на сила стапува нов закон со кој се забранува консумирање на храна на одредени улици и плоштади, од 12:00 – 15:00 и 18:00-22:00 часот.

Постерите кои веќе се закачени насекаде низ Фиренца предупредуваат дека е забрането да се шета или да се јад секаков вид на храна на тротоарите, продавниците или праговите на кучите на улиците „Via de’Neri“, „Via della Ninna“, „Piazzale degli Uffizi“ и „Piazza del Grano“. Забраната е ставена на улиците и плоштадите околу т.н. „панини место“ – место каде што има најмногу сендвичари и ресторани за брза храна и каде туристите најчесто доаѓаат.

Постерите ги покануваат туристите да ги „почитуваат жителите, трговците и работниците на овие улици”. Забраната доаѓа откако граѓаните побараа од властите да преземат акција против туристите кои јадат и оставаат хаос по себе.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more