Vrabotuvanje.com - Ќе зема плата од 47 илјади денари месечно, ќе биде помошник во инспекторатот - Еве каков профил бара Градот Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ќе зема плата од 47 илјади денари месечно, ќе биде помошник во инспекторатот - Еве каков профил бара Градот Скопје

Ќе вработува Градот Скопје. Се бара помошник раководител на сектор во Инспекторатот на Градот Скопје, а ќе зема плата од близу 47 илјади денари.

Ќе зема плата од 47 илјади денари месечно, ќе биде помошник во инспекторатот - Еве каков профил бара Градот Скопје

Преку Агенцијата за администрација Градот Скопје распиша оглас со кој се бара овој профил на кадар, кој треба да има ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, високо образование, но и најмалку четири години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор.

Треба да има и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија - англиски, француски, германски. Дополнителен услов е да има возачка дозвола Б категорија
 
Платата за оваа работна позиција изнесува 46.714 денари месечно. 
 
Согласно годишниот план на институцијата за оваа година, лицето што се бара за ова место во градот Скопје, според својата нацоналност треба да биде Македонец. 
 

За огласот е прецизно наведено какви услови треба да се исполнуваат, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по националност и слично, а истиот јавно е објавен на овој ЛИНК 

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more