Vrabotuvanje.com - СЕ РЕНОВИРА РОДНАТА КУЌА НА ХИТЛЕР Во неа ќе се смести полиција
Share
Tweet
Share
Send to friend

СЕ РЕНОВИРА РОДНАТА КУЌА НА ХИТЛЕР Во неа ќе се смести полиција

Реконструкцијата се очекува да заврши во 2025 година, за што ќе видат вложени 20 милиони евра.

СЕ РЕНОВИРА РОДНАТА КУЌА НА ХИТЛЕР Во неа ќе се смести полиција

Би можело да ве интересира: Која е разликата помеѓу искрени и лицемерни луѓе?

Куќата во која се родил Адолф Хитлер во градот Браунау на Ин на австриско-германската граница се пренаменува и ќе и биде предадена на полицијата.

Австриската влада ја презеде зградата од нејзиниот претходен сопственик по долг спор околу нејзината идна употреба, а многумина се прашуваат како да се справат со митот или дали митот што сè уште се поврзува со Хитлер може да се урне иако се напушти идејата за буквално уривање на куќата.

Специјална комисија предложи архитектонски промени за да биде речиси непрепознатлива и со тоа помалку привлечна за неонацистите кои прават аџилак на локацијата.

Реконструкцијата се очекува да заврши во 2025 година, за што ќе видат вложени 20 милиони евра.

Зградата во која се роди нацистичкиот диктатор и ги помина првите месеци од својот живот е празна откако здружението за лица со интелектуална попреченост се исели во 2011 година.

Извор: plusinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more