Vrabotuvanje.com - Кралицата Eлизабета Втора во 1986 година напишала писмо кое не смее да се отвори до 2085 година – а еве кому му ја упатила мистериозната порака
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кралицата Eлизабета Втора во 1986 година напишала писмо кое не смее да се отвори до 2085 година – а еве кому му ја упатила мистериозната порака

Една од најголемите мистерии кои се поврзуваат со британската кралица Елизабета Втора е писмото кое го напишала во 1986 година, а кое според нејзина наредба не смее да се отвори пред 2085 година.

Кралицата Eлизабета Втора во 1986 година напишала писмо кое не смее да се отвори до 2085 година – а еве кому му ја упатила мистериозната порака

Што имала кралицата да порача и зошто баш 2085 година ја одредила како година кога треба да се дознае нејзината порака?

Мистериозното писмо, според „News 7“ се чува во стаклена витрина од трезорот во зградата на кралицата Викторија во Сиднеј. Ниту најблиските роднини на кралицата Елизабета Втора не смеат да го отворат писмото пред рокот.

„Ве молам, дали на пригоден ден којшто сами ќе го изберете во 2085 година од новата ера би го отвориле ова писмо и би ја пренеле мојата порака на граѓаните на Сиднеј?, напишала британската кралица која ја посетила Австралија дури 16 пати и познато е дека многу ја сакала таа земја.

Принцот Хари во неодамна објавените мемоари „Spare“ напиша дека неговата баба била "мајстор" за игра со зборови а оваа приказна е доказ дека била вешта и во креирање на мистерии.

Да ве потсетиме, Елизабета Втора почина на осми септември во Балморал во Шкотска. Погребана беше една недела подоцна во Виндзор.

извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more