Vrabotuvanje.com - Што се случи со цените на автомобилите: колку чинел голф во 1991, а колку чини денес?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што се случи со цените на автомобилите: колку чинел голф во 1991, а колку чини денес?

Цените на автомобилите растат, во последно време драматично. Растат и цените на суровините, тука е и инфлацијата, а напредокот во областа на безбедноста и новите технологии исто така мора да се наплати.

Што се случи со цените на автомобилите: колку чинел голф во 1991, а колку чини денес?

Но, колку навистина пораснале цените на автомобилите во последните 30 години? Германски Т-онлајн тоа го илустрира со примерот на фолксваген голф во Германија.

Основниот модел во 1991 година чинел само 10.213 евра (пресметано од тогашните германски марки).

Цената постепено растела, за во јануари 2023 година најевтиниот голф на германскиот пазар да чини дури 29.560 евра. Разликата е огромна.

Гледајќи постепено, основниот голф во 1997 година чинел 13.140 евра, па во 2003 стигнал до 15.220 евра, во 2008 чинел 16.500 евра, па во 2012 стигнал до 16.975 евра. Основниот модел на голфот во 2020 година чинел 19.880 евра.

Ако се погледнат цените, се гледа дека убедливо најголемиот раст на цените е забележан во последните 2-3 години, кои беа обележани со пандемиската криза, кризата со недостигот од чипови.

Би ве интересирало: Mercedes ќе ги почести вработените со рекорден бонус од 7.300 евра

Слично е и со останатите модели на автомобили. Цените несопирливо растат, а за многумина од нас автомобилите како голфот, за жал, стануваат сè понедостапни.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more