Vrabotuvanje.com - Хакер од Холандија ги украл личните податоци на сите Австријци
Share
Tweet
Share
Send to friend

Хакер од Холандија ги украл личните податоци на сите Австријци

Неименуван хакер од Холандија ги украл адресите и личните податоци на сите жители на Австрија.

Хакер од Холандија ги украл личните податоци на сите Австријци

Хакерот ги понудил податоците на продажба на интернет форум, претставувајќи ги како: „полно име, пол, полна адреса и датум на раѓање“, на секој граѓанин во Австрија.

Украдената хакерска „збирка“ се состои од речиси девет милиони групи податоци, истакнува полицијата.

Австрија има околу 9,1 милион жители.

Би можело да ве интересира: Хакери украле повеќе од 100 милиони долари криптовалути

Хакерот на продажба ги ставил и сличните групи податоци од Италија, Холандија и Колумбија.

Бидејќи тие податоци за жителите на Австрија биле достапни на интернет, апсолутно мора да се претпостави дека сега, во целост или делумно, се во рацете на криминалци, предупредува полицијата.

Осомничениот хакер е 25-годишник, а уапсен е во својот стан во Амстердам.

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more