Vrabotuvanje.com - Британец ќе донира 99 отсто од своето богатство за да ги мотивира децата да работат
Share
Tweet
Share
Send to friend

Британец ќе донира 99 отсто од своето богатство за да ги мотивира децата да работат

Британец ќе донира 99 отсто од своето богатство за да ги мотивира децата да работат

Можеби ќе ве интересира: Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

Иако има богатство од 500 милиони долари, Дејвид Фишвик нема да ги остави парите на своите деца, со цел да го мотивира да работат. Овој Британец на возраст од 51 година имал скромни почетоци, не го завршил училиштето и се вработил како градежен работник.

Почнал да заработува со основање компанија која продавала минибуси. Но, богатството го заработил по финансиската криза во 2008 година кога основал сопствена банка за да им помогне на локалните бизниси да растат, а неговата приказна била претворена во серијата на Нетфликс, Банката на Дејв.

Ќе донира 99 отсто од своето богатство за да ги задржи своите деца мотивирани во нивната работа. Тој вели дека децата не сака да ги „оптоварува“ со своето богатство. Ова не е прв ваков пример во светот. И претходно имало богати луѓе кои парите ги донирале. 

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more