Vrabotuvanje.com - Ова се најпопуларните брендови во светот: Прада го симна Гучи од тронот!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ова се најпопуларните брендови во светот: Прада го симна Гучи од тронот!

Статистиката вели дека кул клинците носат Прада. Имено, луксузниот италијански бренд го зазеде првото место на Lyst Index рангирањето на најпопуларните модни куќи во последниот квартал од 2022 година. Со тоа тој се помести од второто место и ги симна од тронот своите конкуренти од Гучи.

Ова се најпопуларните брендови во светот: Прада го симна Гучи од тронот!

Од октомври до декември, пребарувањата за производите на Прада се зголемија за 37 отсто. Тоа беше резултат на низа големи промени за оваа компанија. Имено, во четвртиот квартал Прада ја лансираше својата прва колекција на фин накит, изработен од рециклирано злато; ја претстави ѕвездата на ТикТок, Чарли Д’Амелио како заштитно лице на својата кампања Linea Rossa и го именуваше Андреа Гуера за нов извршен директор на групацијата Прада.

Иако Прада го престигна Гучи, вториот бренд падна на второто место на индексот Lyst. Највпечатлив скок оствари Монклер, кој од 17. место во претходната четвртина се искачи на третото. Топ петте брендови ги заокружуваат Миу Миу и Валентино.

Ботега Венета скокна на 6-то место од 11, засилена со новата услуга со доживотна гаранција на нејзините чанти и колекцијата за пролет 2023. Лоу скокна на 7-то место од 14, делумно благодарение на нејзината претколекција пролет/лето 2023 во која се појавува Клои Севињи и Лука Гвадањино. А Угг за прв пат се појави на листата, на 17-то место, најмногу поради мегапопуларниот модел Мини.

Баленсијага падна од високото 4 на 11-то место, најмногу поради неколкуте скандали, како кампањата во која се сексуализирани деца и турбулентниот прекин на соработката со Кање Вест.

Погледнете ја целата листа на најпопуларни модни куќи во последото тромесечје од 2022 година:

1. Prada

2. Gucci

3. Moncler

4. Miu Miu

5. Valentino

6. Bottega Veneta

7. Loewe

8. Dior

9. Dolce & Gabbana

10. Saint Laurent

11. Balenciaga

12. Nike

13. Versace

14. Fendi

15. Louis Vuitton

16. Diesel

17. Ugg

18. Burberry

19. Coach

20. Jacquemus

Извор: vecer.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more