Vrabotuvanje.com - Што не смеете да чувате во подрум во Германија?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што не смеете да чувате во подрум во Германија?

Навикнати сме во подрумите да ставаме предмети што не ги користиме често. Во Германија е забрането да се оставаат одредени работи во подрумот. Во спротивно, има високи парични казни.

Што не смеете да чувате во подрум во Германија?

Можеби ќе ве интересира: Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за луѓето од Западен Балкан

Она што никако не смее да се чува во подрумот се лесно запаливи течности и предмети. Освен бензин, вклучени се и бои, растворувачи за боја, средства за дезинфекција, моторно масло, стари весници и хартија, алишта и душеци. Причината за забрана за чување на овие работи во подрумите во Германија е опасноста од пожар.

Освен споменатите работи, се забранува и чување плински боци и слични предмети кои може да предизвикаат експлозија.

Доколку чувате зимница во подрум во Германија, треба да се погрижите сите садови да бидат добро затворени за да не привлечат штетници и стаорци.

Освен тоа, подрумот не смее да се користи за други намени без претходна согласност од сопственикот и соседите. Тој не може да се користи како спална соба, соба за хоби, работилница или продажно складиште.

Извор: emigriko.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more