Vrabotuvanje.com - Колкави се платите во најбогатата земја на светот?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колкави се платите во најбогатата земја на светот?

На врвот на листата се најде една малечка земја во која има повеќе работници отколку жители.

Колкави се платите во најбогатата земја на светот?

Би можело да ве интересира: Просечната плата е речиси 5.000 долари: 7 работи што не сте ги знаеле за европското Рио де Жанеиро

На листата на 15 најбогати држави во светот се најдоа дури 10 европски, а покрај Сингапур и САД тука се и земјите богати со нафта од Блискиот исток.

Ранг-листата на најбогати земји на светот составена е врз основа на БДП паритетот на куповната моќ по жител (ППП). БДП, бруто домашен производ, ја покажува вредноста на финалниот избор и услуги произведени во одредена земја за една година, а за да се добие ППП, БДП се дели со просечниот број на жители во истата година.

Плата барем 5 илјади евра

Познат по високите примања и ниската стапка на невработеност, Луксембург повторно е прогласена за најбогата држава на светот. Има многу развиен банкарски сектор и е даночен рај за инвеститорите. Главниот „виновник“ за високото БДП во Луксембург е тоа што голем број луѓе работат таму, а живеат во соседните држави.

Луксембург има и најмала стапка на невработеност во цела Европа, веќе 40 години, а во 2005 година бил на 92-то место на пописот најбогати земји на Светскиот економски форум.

Втората држава на листата е Сингапур, земјата без природни ресурси, но исто така поволна за странските инвеститори и глобално финансиско седиште. Катар, едно од главните седишта на извори на нафта е на четвртото место, а пред него се најде Ирска.

Листата на 15 најбогати држави на светот изгледа вака:

1. Луксембург (Жители: 625.978, БДП per capita: 131.045 евра)

2. Сингапур (Жители: 5.850.342, БДП per capita: 122.656 евра)

3. Ирска (Жители: 4.937.786, БДП per capita: 116.146 евра)

4. Катар (Жители: 2.881.053, БДП per capita: 105.130 евра)

5. Швајцарија (Жители: 8.654.622, БДП per capita: 78.909 евра)

6. Oбедитени Арапски Емирати (Жители: 9.890.402, БДП per capita: 72.941 евра)

7. Норвешка (Жители: 5.421,241, БДП per capita: 72.524 евра)

8. САД (Жители: 331.002.651, БДП per capita: 70.862 евра)

9. Брунеј (Жители: 437.479, БДП per capita: 69.861 евра)

10. Сан Марино (Жители: 33.931, БДП per capita: 65.374 евра)

11. Данска (Жители: 5.792.202, БДП per capita: 64.567 евра)

12. Холандија (Жители: 17.134.872, БДП per capita: 63.914 евра)

13. Австрија (Жители: 9.006.398, БДП per capita: 60.352 евра)

14. Исланд (Жители: 341.243, БДП per capita: 60.231 евра)

15. Андора (Жители: 77.265, БДП per capita: 59.279 евра)

Извор: supermen.tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more