Ноќта помеѓу 12 и 13 февруари 1978 година, за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија, во авионот ЈАТ се породи Марија Тодева од Македонија. Тоа беше еден од првите вакви случаи во историјата на воздушниот транспорт. Бебето, го доби името Јатко (во чест на авиокомпанијата) и денес го слави својот 45 роденден.
Марија имала само 18 години. Во осмиот месец од бременоста се качила во авион кој летал од Белград кон далечниот Сиднеј. Таму го очекувала сопругот Стојан, кој неколку месеци претходно допатувал во Австралија во потрага по подобар живот. Два часа пред слетувањето започнало породувањето.
Можеби ќе ве интересира: Просечната плата е речиси 5.000 долари: 7 работи што не сте ги знаеле за европското Рио де Жанеиро
Стјуардесите Славица Урсиќ и Радоје Ракочевиќ - Роки и помогнале да донесе здраво машко дете на светот.
Папочната врвца на новородено момче била исечена со ножици дезинфицирани со виски. Така авионот кој полетал со 106 патници пристигнал во Сиднеј со еден патник повеќе. Веста за „бебето во авион“ веќе следниот ден се појави во сите југословенски и меѓународни весници.
Јатко Тодев е првото бебе што се родило во авион на ЈАТ, а поради тоа му беше дадено на подарок да лета во авионот бесплатно до крајот на животот.