Vrabotuvanje.com - Солидарност која трогна многумина: Со стар автомобил наполнет со работи тргнал да им помага на луѓето во Турција
Share
Tweet
Share
Send to friend

Солидарност која трогна многумина: Со стар автомобил наполнет со работи тргнал да им помага на луѓето во Турција

По силните земјотреси кои ја погодија Турција, помош пристигнува од сите страни.

Солидарност која трогна многумина: Со стар автомобил наполнет со работи тргнал да им помага на луѓето во Турција

Меѓутоа, една фотографија привлече големо внимание, а станува збор за човек кој го наполнил својот автомобил со многу работи со цел да им помогне на унесреќените.

Турција ја потресоа земјотреси со епицентар во Кахраманмараш, илјадници луѓе ги загубија своите животи, а десетина илјади се повредени. Првата земја која ѝ помогна на Турција е пријателскиот и братски Азербејџан.

Покрај спасувачките тимови, азербејџанскиот народ исто така започнал акција за помош на Турција. Особено внимание привлече фотографијата која го собори рекордот на споделување на социјалните мрежи и стана симбол на ова заедништво и солидарност.

Сервер Беширли го наполнил својот стар автомобил со нешта од својата трошна куќа во Баку и се упатил кон Турција. Негов помошник му бил братот, Имамверди Беширли.

„И ние ја доживеавме оваа катастрофа, го знаеме тоа чувство. Не помогнавме само ние, туку и останатите Азербејџанци, дури и оние кои живеат во други земји помагаат. Бев сведок на една ситуација, кога дојде една девојка, го соблече капутот и го даде во хуманитарна цел“, изјавил тој.

Фотографијата трогна многумина, особено по сознанието во какви услови живее и самиот Сервер. Многумина коментирале дека секогаш најсолидарни се оние кои имаат најмалку.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more