Vrabotuvanje.com - Играта „Тетрис” и нејзината историја си добија филм – трејлерот со, речиси, четири милиони прегледи за четири дена
Share
Tweet
Share
Send to friend

Играта „Тетрис” и нејзината историја си добија филм – трејлерот со, речиси, четири милиони прегледи за четири дена

Дигиталната игра „Тетрис” излезе во 80-тите, стана светски хит, а следните две десетлетија беше и дел од скоро сите мобилни телефони пред појавата на паметните телефони. Сепак, малку луѓе го знаат историјатот на создавањето на оваа игра, па сега за него е снимен и филм, чиј трејлер беше објавен деновиве.

Играта „Тетрис” и нејзината историја си добија филм – трејлерот со, речиси, четири милиони прегледи за четири дена

За само четири дена трејлерот забележа, речиси, четири милиони прегледи. Инаку, заснован е на вистински настани и раскажува како е создадена играта и како стана хит во целиот свет. Приказната е за холандко-американкиот компјутерски дизајнер Хенк Роџерс (го глуми Тарон Егертон), кој го открива „Тетрисот“ во 1988 година, па се упатува кон Советскиот Сојуз, каде што ги здружува силите со пронаоѓачот Алексеј Пажитнов (Никита Ефремов) за да ја пренесе играта до поголем број луѓе.

Би можело да ве интересира: Приказната за „Не лути се човече“, најпознатата друштвена игра создадена пред 115 години

„Американки и руски компјутерџија создаваат неверојатно пријателство додека се обидуваат да ја избегнат КГБ (рускиот Комитет за државна безбедност) и да ја прошверцуваат најпознатата видеоигра на светот надвор од Советскиот Сојуз“, гласи описот на филмот.

Другите улоги ги толкуваат Софја Лебедева, Тоби Џонс, Рик Јун, Бен Мајлс. Режисер на филмот е Џон Бејрд, а сценариото е на Ноа Пинк. „Тетрис“ ќе излезе на 31 март годинава на стрим-платформата „Епл ТВ плус“.

Извор: telma.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more