Vrabotuvanje.com - Гест за пофалба: Славниот музичар 16 часа готвел храна за 500 бездомници
Share
Tweet
Share
Send to friend

Гест за пофалба: Славниот музичар 16 часа готвел храна за 500 бездомници

Музичарот Дејв Грол поминал 16 часа готвејќи храна за бездомници во Лос Анџелес, пишува „TMZ“.

Гест за пофалба: Славниот музичар 16 часа готвел храна за 500 бездомници

Фронтменот на групата „Foo Fighters“ соработувал со организацијата „The Hope Mission“ на проект за подготовка на храна за бездомници оваа недела, каде готвел месо, зелка и грав. Според „TMZ“, Грол самиот ја финансирал целата иницијатива и „спиел на паркингот додека месото се печело на скара“, а нахраниле околу 500 бездомници.

„Hope of The Valley“ вчера сподели Инстаграм стори од извршниот директор Роуан Ванслив, кој објавил фотографија од Дејв како подготвува храна на дождот и напишал: „Среде бура оваа недела. Ова е Дејв Грол кој подготвува повеќе од 500 порции од најдобрата скара за оние кои живеат во нашите засолништа. Тоа е класа“.

Ова не е првпат Грол да е забележан како им помага на луѓето и прави добри гестови. Славниот рокер во 2020 година изненади една медицинска сестра која закрепнувала од коронавирус, пеејќи ѝ ја песната „Everlong“.

Извор: supermen.tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more