Vrabotuvanje.com - Секој четврт Германец е мигрант или потомок на мигранти
Share
Tweet
Share
Send to friend

Секој четврт Германец е мигрант или потомок на мигранти

Скоро четвртина од населението на Германија има мигрантско потекло, објави во четвртокот заводот за статистика.

Секој четврт Германец е мигрант или потомок на мигранти

„19 милиони или 23 отсто од германското население се или имигранти или двајцата родители емигрирале во Германија“, се наведува во соопштението.

Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои емигрирале во Германија од друга земја по 1950 година. Од нив, 4,7 милиони или 5,7 отсто се потомци на директни имигранти. Дополнителни 3,7 милиони жители имаат еден од нивните родители кој е имигрант, но според последните критериуми овие лица повеќе не се бројат како лица со мигрантско потекло.

Би можело да ве интересира: Еве колку треба да заработувате сега, за да добивате месечна пензија од 3.000 евра во Германија!

Според податоците на Евростат, Германија е меѓу земјите на Европската Унија со најголем процент на имигранти меѓу жителите. Рекордери се Малта (22,3 отсто) и Шведска (21,9 отсто), додека Бугарија, Романија и Полска имаат најмал удел на имигранти во вкупното население (под еден отсто).

Со оглед на тоа што објавените бројки се однесуваат на 2021 година, статистиката не ги вклучува бегалците од Украина, од кои само во Германија побегнале повеќе од милион.

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more