Vrabotuvanje.com - Ова се најевтините дестинации за романтично патување во Европа – на листата и град од Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ова се најевтините дестинации за романтично патување во Европа – на листата и град од Македонија

Веб-страницата „Jersey Island Holidays“ неодамна објави листа на најевтини дестинации за кратки романтични патувања во Европа, а на листата се наоѓа и нашето Скопје.

Ова се најевтините дестинации за романтично патување во Европа – на листата и град од Македонија

Како што наведуваат, ако имате ограничен буџет, а сакате да отидете на романтичен викенд, оваа листа на дестинации би можела да ви биде од корист.

Анализирајќи ја просечната цена на такси, алкохол, сместување, вечери и други работи за два дена, тие создале листа на најприфатливи европски дестинации за двајца.

Па така, прв град на листата бил град од Србија. Ниш е избран за најевтин град во Европа, каде што можете да поминете романтичен викенд. Според нив, просечната цена на викенд во Ниш е околу 114 фунти. Опишан е како ризница на работи од римски урнатини и средновековни утврдувања до антички бањи.

Втор град на листата е Бања Лука со просечна викенд цена од 122 фунти.

На трето место е уште еден град од БиХ, Тузла, каде просечна цена за викенд за двајца изнесува 125 фунти.

На оваа листа е и главниот град на Македонија, Скопје, потоа ПриштинаПодгорицаКишињевДебреценЛублин и Белград.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more