Vrabotuvanje.com - За Олимписките игри во Париз во првата фаза продадени 3,2 милиони билети
Share
Tweet
Share
Send to friend

За Олимписките игри во Париз во првата фаза продадени 3,2 милиони билети

Речиси 3,25 милиони билети се продадени за претстојните Олимписки игри во Париз по првата фаза од продажбата што започна пред повеќе од еден месец.

За Олимписките игри во Париз во првата фаза продадени 3,2 милиони билети

Речиси една третина од 10,5 милиони билети за Игрите во 2024 година беа пуштени во продажба во првата фаза. Од тие 3,25 милиони билети, речиси 13 отсто се продадени за 24 евра, 70 отсто за 100 евра и 4,5 отсто за цена повисока од 200 евра, соопштија организаторите.

Можеби ќе ве интересира: Објавена листата на најмоќни туристички градови - каде луѓето трошат најмногу пари

Две третини од клиентите се Французи, рече Естанж, додавајќи дека меѓу клиентите има луѓе од 158 земји.

Набргу по започнувањето на првата фаза од продажбата на 15 февруари, имаше критики за високата цена на билетите за некои натпревари, како 690 евра за атлетика.

Организаторите на Игрите се правдаа и потсетија дека еден милион билети ќе се продаваат за 24 евра, а пет милиони за 50 евра и помалку.

Втората фаза ќе биде од 15 март, кога ќе бидат пуштени во продажба 1,5 милиони билети.

Извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more