Vrabotuvanje.com - Какви подароци ќе добијат номинираните на Оскарите: Од земјиште во Австралија до фејслифтинг
Share
Tweet
Share
Send to friend

Какви подароци ќе добијат номинираните на Оскарите: Од земјиште во Австралија до фејслифтинг

Номинираните за Оскар оваа година ќе си одат дома со полни раце, дури и да не ја добијат престижната награда, бидејќи за сите е подготвен многу луксузен подарок. Компанијата „Distinctive Assets“ на секој од номинираните ќе им подари по еден подарок пакет во вредност од 126.000 долари, тврди „Гардијан“.

Какви подароци ќе добијат номинираните на Оскарите: Од земјиште во Австралија до фејслифтинг

Пакетот вклучува работи како јапонски млечни колачи, свилени навлаки за перници, рачно набрани урми, но има и многу необични подароци како парче земјиште во Австралија, потоа три ноќи во рурална Отава, три ноќевања на италијански вулкански остров, консултации со доктор за ресторативен третман на коса, третман со липосукција, консултации и третмани за дотерување, третман со ботокс, велнес производи, фејслифтинзи…

Во пакетот има вкупно 60 артикли, а актерите и другите номинирани не се обврзани да ги примаат, користат или промовираат добиените производи.

Би можело да ве интересира: За Олимписките игри во Париз во првата фаза продадени 3,2 милиони билети

Инаку, разни компании и брендови плаќаат по четири илјади долари нивниот производ да биде меѓу подароците.

Познато е и што ќе има на менито на официјалната афтерпарти. Дизајниран е од британскиот готвач Елиот Гровер, а бил ангажиран од долгогодишниот шеф на Оскарите, Волфганг Пак.

Ќе се служат некои традиционални англиски јадења, како риба и компири, пити со пилешко, мали колачи, а за разлика од минатите менија за афтерпарти, ова ќе биде нешто помеснато, покалорично и помасно.

За потсетување, 95-тото доделување на Оскарите ќе се одржи во Лос Анџелес во театарот Долби на 12 март 2023 година. Водител на церемонијата ќе биде Џими Кимел.

Извор: espreso.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more