Vrabotuvanje.com - Што кажуваат вашите прсти за вас?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што кажуваат вашите прсти за вас?

Што кажуваат вашите прсти за вас?

А. Велат дека луѓето на кои прстот на кој се носи прстенот им е подолг од показалецот се многу убави. Тие зрачат со шарм што другите луѓе го сметаат за неодолив. Покрај тоа, тие се агресивни и одлучни, и за нив не е проблем преземањето ризик. Нивните професии најчесто се: војник, инженер, шахист, а се и многу успешни во решавањето крстозборки. Наводно тие заработуваат и повеќе од останатите.

B. Луѓето со пократoк четврт прст од показалецот имаат голема самодоверба, полни се со себеси и арогантни. Тие уживаат во осаменоста и не сакаат да ги вознемирувате во нивното слободно време. Тие не се личност која ќе го направи првиот чекор кога станува збор за врска, но секогаш го прифаќаат и ценат вниманието што го добиваат.

C. Лицата со исто ниво на должината на домалиот прст и на показалецот се мирољубиви и се чувствуваат непријатно кога ќе се најдат во конфликт. Тие се добро организирани и се обидуваат да бидат во добри односи со сите. Карактеристично за нив е дека се многу верни и полни со нежност и со грижа за нивните партнери. 

vecer.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more