Vrabotuvanje.com - Пластичните чинии и чаши се штетни по здравјето
Share
Tweet
Share
Send to friend

Пластичните чинии и чаши се штетни по здравјето

Употребата на пластични садови, прибор за јадење и чаши, не е сигурнa колку што сметаат потрошувачите, без оглед на тоа дали на пакувањето на овие производи стои ознаката „без БПА“, пишува Current Biology.

Пластичните чинии и чаши се штетни по здравјето

Ново истражување открива докази кои упатуваат на тоа дека користењето на пластика при јадење и пиење не е безбедно. Иако истражувањата биле правени врз глувци, научниците веруваат дека истите се релевантни и за луѓето.

Истражувачите откриле дека кај глувците, заменските соединенија за Бисфенол А предизвикуваат намалување на бројот на сперматозоиди и одржливи женски јајце клетки, што се пренесува и кај следната генерација.

БПА е ознака за хемиското соединение Бисфенол А кое се користи во пакувањата за храна и пијалаци од 1960 година. Се употребува и за изработка на тврда, транспарентна пластика.

Според стручњаците, соединението од амбалажата или од пластичните садови преминува во храната, особено ако пластиката е стара или оштетена.

denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more