Vrabotuvanje.com - Под стрес сте? Оваа едноставна техника ќе ви помогне да се ослободите од него
Share
Tweet
Share
Send to friend

Под стрес сте? Оваа едноставна техника ќе ви помогне да се ослободите од него

Потребни ви се само неколку минути во денот

Под стрес сте? Оваа едноставна техника ќе ви помогне да се ослободите од него

Доколку имате недостаток на енергија, чести главоболки, паднат имунитет и притоа лошо се исхранувате, тогаш вие ги имате сите знаци дека сте под голем стрес. Кога мозокот не добива доволно кислород, тој го црпи од останатите органи и поради тоа важно е при стресни ситуации да внимаваме на дишењето. Дишењето е единствен процес во организмот врз кого имаме целосна контрола и кој можеме по сопствена волја да го забрзаме или успориме.

Пранајама е јога техника која фокусот го става на дишењето. Постојат повеќе техники на пранајама, кои ако се правилно направени нудат позитивни влијанија, а нивната редовна примена може да го подобри менталното и физичкото здравје. Овие техники на дишење можат да го намалат крвниот притисок, и да ослободат од хронични болки како артритис, фибромијалгиа и главоболки.

Се што треба да направите е да седнете удобно, да го исправите ‘рбетот, а рацете да ги ставите на колена со дланките поставени нагоре. Вниманието нека ви биде насочено на пределот на стомакот. Почнете да вдишувате колку што е можно повеќе. Кратко задржете го здивот, а после неколку секунди започнете со бавно издишување на воздухот од белите дробови и стомакот. За оваа вежба доволно е да издвоите 3-5 минути, а за ефект повторете ја неколку пати.

Со оваа техника се смирува целиот организам со тоа што се внесува поголема количина на кислород во организмот, се смирува нервниот систем и се создава рамнотежа на работата на внатрешните органи.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more