Vrabotuvanje.com - Што покажа анкетата: Зошто фалат луѓе за работа - заминати се во странство или платите не се добри?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што покажа анкетата: Зошто фалат луѓе за работа - заминати се во странство или платите не се добри?

На се почестите муабети дека нема луѓе за работа, на нашиот сајт одлучивме да го поставиме токму ова прашање. Анкетата гласеше: „Зошто фалат луѓе за работа?“, а посетителите си го кажаа своето мислење.

Што покажа анкетата: Зошто фалат луѓе за работа - заминати се во странство или платите не се добри?

Во анкетата учествуваа 2090 луѓе. 

4% од испитаниците се изјасниле дека фалат луѓе за работа бидејќи не им се работи. На ова следи коментар: „Тие што се стручни не можат да функционираат во хаосот, а тие што не се стручни го создаваат хаосот бидејќи само така можат да заработат без труд.“

13% или 270 од испитаниците се изјасниле дека условите за работа не се добри. Еден од коментарите гласи вака: „Не смееш да направиш пауза ни од 1 минута“, „Работодавачите не го почитуваат законот за заштита при работа, посебно македонските газди“. 

Дури 32% или 679 од испитаниците одговориле дека фалат луѓе за работа бидејќи заминати се во странство. Еден од коментарите гласи: „Веќе 2 години како сме преселени во Германија и многу сме задоволни, имаме солидни плати и многу поквалитетен живот.“

А друг коментар вели: „Заминати се во странство зошто платите не се добри и нема берза на трудот, работодавачите не сакаат да дадат од својот дел на колачот и работниците бегаат.“

Најголем дел - односно 50% или 1051 испитаници на прашањето „Зошто фалат луѓе за работа?“ се изјасниле дека тоа е поради тоа што платите не се добри. Тука следат и коментар од типот: „Се додека не се воведе принцип на зголемување на платите согласно инфлацијата, ќе нема работна сила.“ , „За минималец не се работи освен возрасните работат кои им останало уште малку до пензија младите бегаат во странство барајќи каде што се плаќа за секој изработен саат, а овде за лепе очи.“, „30.000 ден минимална плата треба да биде во Македонија“

Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Ако не е покачување на платата, со какава награда би биле задоволни?

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more