Vrabotuvanje.com - РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА: Бараме МАГАЦИОНЕРИ и ВОЗАЧИ за работа во реномирана компанија со повеќе од половина век постоење
Share
Tweet
Share
Send to friend

РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА: Бараме МАГАЦИОНЕРИ и ВОЗАЧИ за работа во реномирана компанија со повеќе од половина век постоење

​Во потрага сме по мотивирани, позитивни и трудољубиви кандидати за работа во Холандија!

РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА: Бараме МАГАЦИОНЕРИ и ВОЗАЧИ за работа во реномирана компанија со повеќе од половина век постоење

Меѓународниот свет на модата е бесконечен бизнис. Сезоните се кратки и нови колекции  следуваат со голема брзина. Поради децентрализираното производство и распространетоста низ целиот свет, денешната мода е навистина глобализирана. Професионалците во ова динамично поле се соочуваат со огромни логистички и организациски предизвици.

Recon е семеен бизнис со традиционална историја и со повеќе од половина век постоење. Компанијата е основана во дваесетиот век во Ерменија. Во шеесетите години семејството се сели во Холандија, во источното село наречено Алмело. Синот и таткото ја делат страста за трговија со мода. Специјализирале производство и моден дизајн кои се носеле за трговците на мало во осумдесетите и деведесетите години, притоа обезбедувајќи комплементарни услуги на своите клиенти.

Recon е основан во 1998 година. Во 2011 година се сели во Оуд Меер и е директно лоциран до меѓународниот аеродром Шипол, попознат како модниот центар на Амстердам. Компанијата се одликува со повеќе од 30 години искуство во модна логистика со персонализиран пристап на семеен бизнис. Покрај тоа, Recon е познат по својата транспаретна и сигурна услуга.


​Во потрага сме по мотивирани, позитивни и трудољубиви кандидати за работа во Холандија, на следните позиции:

МАГАЦИОНЕРИ - ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 

Работни задачи:

  • примање на производи
  • организирање, припремање, како и обезбедување на стоката во согласност со корпоративните стандарди
  • менување на ценовните ознаки по потреба
  • проверка и контрола на складиштето за потребната стока
  • огранизирање и одржување на чисто и уредно складиште
  • планирање и следење на испораката на финалните производи во согласнот со барањата на клиентот
  • чување на записи за стоката во складиштето, складираните нарачки и сл.
  • подготвување точни извештаи

МЕЃУНАРОДНИ ВОЗАЧИ - ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 

Квалификации:

  • возачко искуство минимум 2-4 години
  • возачка дозвола C+CE
  • познавање на англиски или германски јазик
  • поседување на бугарски пасош ќе се смета за предност
  • дигитална тахографска картица

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more