Vrabotuvanje.com - И на богатите не им е лесно: Замена на свеќички во Бугати чини над 18.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

И на богатите не им е лесно: Замена на свеќички во Бугати чини над 18.000 евра

Трошоците за поседување хиперспортски автомобил често вртоглаво растат.

И на богатите не им е лесно: Замена на свеќички во Бугати чини над 18.000 евра

Веќе во неколку наврати пишувавме за огромните трошоци за одржување на скапите спортски автомобили. Така Мани Кошбин откри колку троши за одржување на неговата колекција на Bugatti и други хиперавтомобили, вклучувајќи го и Mercedes SLR со „проблематична“ врата.

Кога станува збор за Bugatti, на сите им е јасно дека се работи за астрономски суми, поради што сопствениците изнајмуваат дури и камионски транспорт до дестинацијата за нивното Bugatti за на крајот да имаат што помала километража.

Според објавата на Reddit, сега знаеме како да се сервисира постар Veyron. Заменетите бомбини чинат по околу 660 евра, а испораката стигнува дури после еден месец. Свеќичките се исти како кај Фолксваген, а чинат 16 евра. Но, кога ќе ја добијат ознаката на Бугати, цената им се зголемува речиси десет пати, на над 150 евра.

Сепак, трошоците за услугата драстично се зголемуваат кога е вклучена „работната рака“. Имено, целата работа чини околу 20.000 долари или 18.200 евра. Се разбира, сите делови се тешко достапни, па затоа е неопходно да се отстрани дел од каросеријата и неопходно е да се има специјална опрема. Заедно со објавените фото материјали, авторот вели дека на крајот се потребни и до 50 часа за да се заврши работата.

Извор: kanal5.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more