Vrabotuvanje.com - Познат американски јутјубер им помогна на 1.000 глуви луѓе да слушнат за првпат
Share
Tweet
Share
Send to friend

Познат американски јутјубер им помогна на 1.000 глуви луѓе да слушнат за првпат

Американскиот јутјубер Џими Доналдсон со помош на слушни помагала им помогна на 1000 глуви луѓе да слушнат за првпат. Неодамна го најави новото видео, за кое рече дека ќе биде најдобро досега. Му требале повеќе од шест месеци да го измонтираат, а на моменти го совладале емоциите и го снимиле како плаче.

Познат американски јутјубер им помогна на 1.000 глуви луѓе да слушнат за првпат

Со неговиот тим потрошиле три милиони долари за слушните помагала кои се најнова технологија.

Даналдсон кој е познат по неговите добротворни акции во моментов има најголем број претплатници на неговиот канал „MrBeast“. За потсетување, пред неколку месеци им помогна и на 1.000 слепи луѓе да прогледаат.

 
Извор: info.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more