Vrabotuvanje.com - Град во кој се забранети мачки, ама и погреби
Share
Tweet
Share
Send to friend

Град во кој се забранети мачки, ама и погреби

Лонгербиен се наоѓа на норвешките острови Свалбард во Арктичкиот Океан, на островот Шпицберген, а поради својата местоположба и атракции е една од најпосакуваните норвешки туристички дестинации. Место каде мачките се забранети!

Град во кој се забранети мачки, ама и погреби

Иако звучи чудно, мачките се забранети во Свалбард, а од еколошки причини… Имено, за да се заштити локалната фауна, односно животот на локалните птици кои живеат во изолиран екосистем и кои и онака се малку, забрането е да се чуваат овие миленици.

Покрај мачките „забрането“ е да се умре.

Од 1950 година не е нелегално да се умре во буквална смисла бидејќи тоа е невозможно, туку е забрането погребување.  Станува збор за закон кој е донесен откако беше откриено дека телата закопани таму не се распаѓаат. Во арктички услови и екстремен студ, телата остануваат зачувани, па во телата на починатите бил пронајден и вирусот на шпански грип. Телото во кое „живеел“ споменатиот вирус било закопано во 1918 година, а овој случај научниците го откриле во 1998 година.

Оние кои се многу болни и на кои им се ближи крајот, се превезуваат да ги поминат последните денови во друг дел на Норвешка, а можно е да се постави и урна на гробиштата.

Целосно без сонце или целосно без темнина

Сонцето поради својата географска положба се гледа во малку поинаков распоред. Постојат три главни сезони во Свалбард: поларно лето, аурора зима и сончева зима. Во периодот од ноември до февруари нема сонце, туку се појавува поларната светлина.

Сонцето се појавува на почетокот на март, кога во градот се подготвува и Солфестук, прослава во чест на токму овој настан. Оттогаш до мај трае периодот на сончева зима. Од мај до септември е времето на поларното лето и таканареченото полноќно сонце, што им го отежнува спиењето на оние кои не се навикнати на тоа.

Автомобилот не е главното превозно средство

Со оглед на временските услови и снегот, автомобилот не е најпрактичното превозно средство. Скутерите за снег се многу поедноставно решение, особено во зимските месеци. Тие се толку важни што се побројни од жителите.

Возење и одење на снежна тура каде што можете да бидете сведоци на светот на ледените брегови, поранешните ловечки скривалишта, глечерите и арктичките животни се нуди дури и како дел од туристичката понуда, а повеќе за тоа можете да прочитате на официјалната туристичка веб-страница на островите Свалбард . Можете да пробате и санки за кучиња.

Просечните летни температури во Свалбард се движат помеѓу 3 и 7 Целзиусови степени, а просечните зимски температури меѓу -13 и -20. Највисоката измерена досега е 21,3, а најниската -46,3 степени. До Лонгер може да се стигне со авион од Осло, што ќе трае приближно три часа.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more