Vrabotuvanje.com - Прв отворен ден на Кромберг & Шуберт во Илинден!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Прв отворен ден на Кромберг & Шуберт во Илинден!

Поради големата заинтересираност и бројните пораки кои беа испратени на Facebook страната на компанијата, Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ – подружница Илинден го организира првиот отворен ден за сите заинтересирани во четврток, 25.05.2023 со почеток во 17:00 часот!

Прв отворен ден на Кромберг & Шуберт во Илинден!

Сите кои сакаат да се запознаат со процесот на производство на кабелски снопови, организацијата во компанијата и природата на работата ги покануваме да ја посетат фабриката на Кромберг & Шуберт во Илинден.

При самата посета ќе биде организирана прошетка во погонот од страна на претставници на компанијата, презентација со најважните детали околу компанијата и исто така ќе има можност за сите заинтересирани да аплицираат за работа.

Превозот до и од фабриката ќе биде организиран од градовите Скопје, Велес, Свети Николе и Куманово и тоа:

  • Велес
    - Централна автобуска станица – 16:00 часот
  • Свети Николе
    - Астра Горобински Пат – 16:00 часот
  • Куманово
    - Агенција Јоцо Турс – 15:50 часот
  • Скопје:
    - Факултет за Туризам и Менаџмент – 16:30 часот
    - Ист Гејт Мол на паркингот – 16:40 часот
    ​- Последна „50ка“ Маџари – 16:50 часот

Фабриката во Илинден постои помалку од една година но за овој период веќе се регрутирани 900 вработени кои изработуваат кабелски снопови за возилата BMW X1 и Mini Cooper Countryman.

Иако доста млада во своето постоење во Илинден, земено заедно со фабриката во Битола, оваа компанија обезбедува работа и грижа за повеќе од 6000 вработени, а вклучително со фабриката во Крушевац за 8000 вработени од регионот на кои секојдневно се труди да им ги подобри условите за работа и да им обезбеди стабилна работа и најразлични можности за развој и напредок.

Повелете, запознајте ги и уверете со работните услови кои оваа компанија ги нуди!

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more