Vrabotuvanje.com - Луѓето кои редовно доцнат, полесно минуваат низ животот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Луѓето кои редовно доцнат, полесно минуваат низ животот

Оние луѓе кои постојано доцнат некаде, честопати се оптимисти, па дури и нереални, а токму ваквиот начин на размислување влијае на нивните погледи и восприемање на времето…

Луѓето кои редовно доцнат, полесно минуваат низ животот

Тоа не го прават намерно, туку искрено сметаат дека ќе успеат да направат сѐ што испланирале и веруваат оти навреме ќе стигнат таму каде што треба. Но, тој план секогаш дава неуспех и тие секогаш доцнат, објаснува Дијана Делонзор во книгата „Никогаш повторно не доцни“..

Професорот по Психологија при Универзитетот во Сан Диего, САД, Џеф Конте направи истражување на оваа тема. Испитани се два типа личност – Тип А (нетрпелив и конкурентен) и Тип Б (креативен и опуштен). Ги класифицирал луѓето склони кон доцнење како Тип Б.

Задачата на испитаниците од двете групи била – без чаовник да се обидат да погодат точно колку време минало. Одговорот на луѓето од групата А кажале 58 секунди, а на групата Б – 77 секунди. Тој вели, тоа докажало дека луѓето кои постојано доцнат навистина поинаку го гледаат времето, односно немаат соодветно чувство за текот на времето.

Но, наспроти очекувањата, сѐ тоа не ги прави пофрустрирани и понервозни од Типот А.

Напротив. Овие луѓе не се лутат и кога другите доцнат, бидејќи ја гледаат „пошироката слика“. Покрај тоа, тие се поспонтани, не се грижат за работи на коишто не можат да влијаат, на пр., тоа што автобусот доцни, па така шират позитивна енергија околу себе, која е пријатна и за другите, според стручњаците. 

Извор: nezavisen.mk

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more