Vrabotuvanje.com - Ви ги краде податоците и ги испраќа кај хакерите: Доколку ја имате оваа апликација во вашиот телефон најпаметно е да ја избришете веднаш
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ви ги краде податоците и ги испраќа кај хакерите: Доколку ја имате оваа апликација во вашиот телефон најпаметно е да ја избришете веднаш

Апликацијата е достапна на „Google Play“ уште од 2021 година.

Ви ги краде податоците и ги испраќа кај хакерите: Доколку ја имате оваа апликација во вашиот телефон најпаметно е да ја избришете веднаш

Популарната апликација шири малвер на мобилните телефони кои имаат „Android“.

Може да снима аудио, да краде податоци од вашиот телефон и да им ги испраќа на хакерите.

Апликацијата „iRecorder – Screen Recorder“ има над 50.000 преземања и сега шири тројански вирус со оддалечен пристап меѓу корисниците, открила компанијата за сајбер безбедност „ESE“, пишува технолошкиот портал „Komondo“.

Апликацијата е достапна во „Google Play“ продавницата од 2021 година. Во тоа време сè уште не била „заразена“, но со ажурирањето од август 2022 година хакерите во неа вградиле опасен софтвер.

„Google“ одговорил и ја отстранил апликацијата. Но, доколку вие сè уште ја имате во вашиот телефон, тогаш најдобро е да ја избришете.

Апликацијата заразена со малвер може да снима звук, да краде датотеки од вашиот телефон и да им ги испрати сите тие податоци на хакерите.

Тоа значи дека сите ваши фотографии, видеа и документи сочувани на вашиот мобилен телефон можат да завршат во рацете на измамниците.

Извор: supermen.tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more