Vrabotuvanje.com - Комарците повеќе ги касаат оние кои пијат алкохол
Share
Tweet
Share
Send to friend

Комарците повеќе ги касаат оние кои пијат алкохол

Имаме лоши вести за сите кои едвај чекаат да уживаат во летните вечери на отворено со освежителен џин-тоник.

Комарците повеќе ги касаат оние кои пијат алкохол

Научниците открија дека џинот може да нè направи попривлечни за комарците, а тоникот содржи премалку кинин за да се нарече ефикасно оружје против досадните инсекти.

„Пиењето алкохол генерално нè прави попривлечни за комарците“, рече професорот Џејмс Логан во британската емисија „This Morning“.

Неговите зборови ги потврдува и истражувањето објавено во списанието на American Mosquito Control Association, според кое консумирањето алкохол „значително“ ги привлекува комарците.

Набљудувајќи 12 мажи и една жена на возраст меѓу 20 и 58 години, истражувачите ја измериле содржината на алкохол во потта на учесниците кои испиле 350 милилитри пиво. Тие, исто така, го набљудувале производството на пот и температурата на кожата на волонтерите пред и по алкохолниот пијалок. Повеќе комарци слетаа на оние кои пиеја пиво.

„Студијата потврди дека луѓето кои пијат алкохол треба да бидат внимателни бидејќи се изложени на зголемен ризик од каснување од комарец, а со тоа и од болестите кои овие инсекти ги пренесуваат“, заклучуваат истражувачите.

Најдоброто нешто што можете да го направите за да се заштитите од овие крвопијци е да носите ефикасно средство против комарце и да го нанесувате секогаш кога сте на отворено. И не заборавајте редовно да го обновувате, како крема за сончање.

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more