Vrabotuvanje.com - Заинтересираните добиваат по 80.000 евра доколку се преселат на некој од овие острови, но – постои услов
Share
Tweet
Share
Send to friend

Заинтересираните добиваат по 80.000 евра доколку се преселат на некој од овие острови, но – постои услов

Ирска сака да го зголеми бројот на жители во оддалечените заедници и острови, па започнала проект „Our Living Islands“ кој на заинтересираните им нуди износ од 80.000 евра доколку одлучат да се преселат на некој од оддалечените острови.

Заинтересираните добиваат по 80.000 евра доколку се преселат на некој од овие острови, но – постои услов

Ирска одредила 23 острови од кои ниту еден не е поврзан со копното со мостови, за кои Владата всушност ќе им плаќа на луѓето за да живеат таму.

Но, великодушната поддршка од 80.000 евра мора да се искористи за обнова за градбите на земјиштето, како што се изолација, структурално подобрување и преуредување.

Кампањата ќе започне на 1 јули, а за да се исполнат критериумите, потенцијалните жители мора да купат и да поседуваат недвижнина на еден од островите. Зградата мора да биде изградена пред 1993 година и мора да биде празна најмалку две години.

„Целта на оваа политика е да се обезбеди одржливите заедници да можат да продолжат да „живеат“ и да напредуваат  оддалечените острови уште многу години“, соопштиле од ирската Влада.

Слични компании веќе постојат на копното, но износите кои ги нудат за доградување на куќите на еден од ирските острови се поголеми за да се покријат зголемите трошоци кои доаѓаат со помалку развиената инфраструктура.

Некои од локациите го вклучуваат округот Донегал со пространства на златниот песок и карпестите крајбрежја.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more