Vrabotuvanje.com - По 35 илјади интервјуа, Опра откри едно правило
Share
Tweet
Share
Send to friend

По 35 илјади интервјуа, Опра откри едно правило

По 35 илјади интервјуа, Опра откри едно правило

Нема човек од светот на бизнисот, и од оној  другиот позабавен, шоу-бизнисот, кој не седнал наспроти Опра Винфри и не одговарал на нејзините прашања. Самата Опра вели дека за 40-те години колку што е во бизнисот има направено околу 35.000 интервјуа.

Настрана (колку што е можно да се тргне настрана) дека ценетата Опра е навистина ценета, дека е една од најбогатите жени во светот без наследен долар и дека е пример за вистинска медиумска моќ во овој бизнис, дивата е вистинска ризница на животни приказни.

По толку интервјуа, што Опра Винфри издвои како заедничко за сите интервјуирани?

Опра и „Дали бев добар“?

Првата работа што ја научив преку илјадници интервјуа и моите соговорници е дека постои заеднички именител во човечкото искуство“, изјави Опра Винфри во интервју за Форбс.

„Без разлика дали сум интервјуирала бизнисмен милијардер, убиец на неродени деца, луѓе кои постигнале големи успеси и ги поместиле границите, без разлика дали тоа е една Бијонсе на врвот на славата или некоја славна личност – оној што седел наспроти мене, интервјуто секогаш го завршувавме со прашањето:

„Дали бев добар? Дали беше добро?’

Нема човек кој на крајот од овие илјадници интервјуа не сакал да знае дали сум ги слушнал, дали е важно што кажале?

Ова е голема работа што ја научив и се однесува на секој човечки однос. ‘Можеш ли да ме слушнеш? Слушна ли што реков?’ е првото нешто што секој соговорник би те прашал и најважното му е“, изјави Опра на новинарот на Форбс.

Богатството, славата, компаниите, искуството, популарноста или моќта не ја менуваат главната идеја и потреба што е во главата на секој човек. Огромното медиумско искуство на Опра Винфри вели дека секој сака да знае дека тој не се излажал и ги оправдал очекувањата.

Ако водите тимови или сте дел од еден, ова е правило кое на сите ќе им донесе многу добро ако го следите.

Извор: biznisinfo.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more