Vrabotuvanje.com - Ново време: Харвард ќе добие професор – вештачка интелигенција
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ново време: Харвард ќе добие професор – вештачка интелигенција

Харвард на есен ќе добие засилување во облик на „AI“ професор, а ќе биде задолжен за популарниот курс за кодирање – „CS50“. Противниците веќе се бунат и истакнуваат дека е штета што универзитетот се откажува од човечки професори.

Ново време: Харвард ќе добие професор – вештачка интелигенција

Се изгледа помалку лудо. Се поставува прашањето зошто воопшто вештачката интелигенција да ги подучува луѓето, кога се укинување потребата за обични професори.

Задолжените за промените споменале и дека експериментираат со „GPT 3.5“ и „GPT 4“ моделите, а во желба да истакнат дека овој оддел отсекогаш вклучува нов софтвер во подучувањето, па и „AI“ професорот е дел од таа традиција.

Проблемот е во тоа што ни „GPT 3.5“, ниту „GPT 4“ моделите не се совршени кога станува збор за кодирањето, па изгледа дека оваа одлука всушност не е донесена затоа што се верува дека ќе им користи на студентите.

Светот се менува, во тоа нема сомнение, но не се сите промени добри. Не е ова првото влегување на вештачката интелигенција во училишните води – Бил Гејтс во април најави дека „AI“ ќе ги учи децата да читаат за околу 18 месеци, па изгледа дека човештвото заборава дека учењето не е само стерилно натрупување на факти – наставниците секогаш биле во самиот врв на важни лица во животот на секое дете. Ни останува да видиме дали вештачката интелигенција ќе ја совлада таа вештина.

Извор: vecer.press

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more