Vrabotuvanje.com - Дали треба да им плаќаме на бабите и дедовците бидејќи ги чуваат внуците?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали треба да им плаќаме на бабите и дедовците бидејќи ги чуваат внуците?

Многу зафатени родители понекогаш бараат од бабите и дедовците да ги гледаат своите внуци.

Дали треба да им плаќаме на бабите и дедовците бидејќи ги чуваат внуците?
Сепак, една млада мајка предизвика жестока дебата на социјалните мрежи откако откри дека им плаќа на родителите да се грижат за нејзините деца.
 
Како што објаснила во објава на Mumsnet, нејзините родители и свекрвата се многу среќни што понекогаш и помагаат и со задоволство го прават тоа, но таа сепак им дава пари бидејќи не очекува тоа да го прават бесплатно.
 
„Некои од моите пријатели се шокирани и мислат дека не треба да плаќам за моите родители одвреме-навреме да ми ги чуваат децата, но јас воопшто не се согласувам со нив. Велат дека тоа не е нормално. Благодарна сум на моите родители, но и на мојата свекрва што сака да одвои време да се грижи за моите деца. Не очекувам да го прават тоа бесплатно бидејќи тоа и онака не е нивна работа“, објасни мајката, чијашто приказна предизвика жестока дискусија на оваа многу чувствителна тема.
 
И додека едни беа на нејзина страна и тврдат дека плаќањето е многу пожелно, особено ако бабата и дедото се во пензија, други сметаат дека таа сепак претерува. Според нив, сосема е разбирливо понекогаш да се ангажираат бабите и дедовците кога е во прашање грижата за нивните внуци.
 
„И моите родители често ми помагаат кога треба да се грижат за моите деца, но не размислувам да им платам за тоа. Тоа се нивни внуци. Ако по некоја случајност мислат дека треба да им платам, нека кажат, со задоволство ќе го сторам ако тоа е нивниот услов“, напишал еден татко.
 
Што мислите вие? Дали би им платиле на своите родители да ги чуваат вашите деца?

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more